Парискиот „Лекип“, најпочитуваниот спортски медиум во светот, го објави својот идеален тим од француската Лига 1 за 2025 година. 10 од 11 фудбалери во идеалниот тим го носат дресот на ПСЖ.
Покрај голманот Џанлуиџи Донарума, кој е голман на Манчестер Сити од летото, но е во идеалниот тим на француското првенство бидејќи бранеше во првата половина од годината за ПСЖ и Мејсон Гринвуд фудбалер на Олимпик Марсеја, во идеалнио тим се играчите на ПСЖ: Ашраф Хакими, Маркињос, Вилијан Пачо, Нуно Мендеш, Витиња, Жоао Невес, Фабијан Руиз, Усман Дембеле и Десире Дуе.
Тренер на идеалниот тим е Луис Енрике.

Доминацијата на ПСЖ во идеалниот тим од Лига 1 во последната година е оправдана со фактот дека овој клуб освои сè во него: домашното првенство и купот, Лигата на шампионите, Европскиот Суперкуп и Интерконтиненталниот куп.
Противниците на фактот дека 10 од 11-те играчи се од ПСЖ наведуваат дека треба да се земат предвид само резултатите во француското првенство, а не и во другите натпреварувања.
Како резултат на тоа, тврдат тие, треба да се земе предвид дека ПСЖ го дочекува крајот на оваа година и половина од тековната сезона на второто место зад Ленс. Затоа, сметаат тие, идеалниот тим од Лига 1 за 2025 година треба да вклучува и играчи од други клубови.






