Владата на Јапонија демантира дека ОИ нема да се одржат

Владата на Јапонија демантира дека ОИ нема да се одржат

пред 4 години

Јапонските власти се согласиле дека е не постојат услови да се одржат Олимписките игри, тврди „Тајмс оф Лондон“, повикувајќи се на неименуван функционер во Владата на Јапонија. Игрите во Токио, поради пандемијата на коронавирусот, беа одложени за една година.

Вториот бран на пандемијата жестоки ја погоди Јапонија. Анкетите покажуваат дека 77 отсто од Јапонците сметаат дека Игрите треба повторно да бидат одложени или воопшто да не се одржат.

Владата на Јапонија, реагираше на тврдењата на „Тајмс оф Лондон“, преку соопштение информираа дека премиерот Јошида Суга е решителен во намерите ОИ да се одржат со ригорозни епидемиолошки мерки.

„Игрите ќе бидат симболот на победата на човештвото над коронавирусот и можност на светот да му ја покажаме обновата на Јапонија по катастрофалниот земјотрес и цунамито во 2011 година“, рекол вчера во парламентот премиерот Суга.

„Тајмс оф Лондон“, не веруваат во овие зборови на премиерот Суга. Тврдат дека Јапонците сакаат чесно да се откажат од организацијата на Игрите и во исто време да ја обезбедат организацијата на ОИ во 2032 година.

Share
Scroll to Top