(Вознемирувачко видео) Млад спортист колабираше на теренот и почина за време на турнир во бадминтон

(Вознемирувачко видео) Млад спортист колабираше на теренот и почина за време на турнир во бадминтон

пред 3 месеци

Страшна трагедија се случи на турнирот во бадминтон во Индонезија која ја потресе тамошната јавност.

Имено, младиот Жанг Жиџие (17) почина за време на натпреварот.

На вознемирувачкото видео се гледа како Жанг колабира на теренот, а лекарите влетуваат и се обидуваат да му помогнат.

„Бадминтон Азија, ПБСИ и организацискиот комитет се крајно тажни и им изразуваат најдлабоко сочувство на родителите, семејството на Жанг и Кинеската асоцијација за бадминтон (CBA). Светот на бадминтон загуби талентиран играч“, се вели во соопштението.

– Медицинските извештаи покажуваат дека жртвата доживеала ненадеен срцев удар – изјави Брото Хепи, портпарол на Здружението за бадминтон на Индонезија (ПБСИ).

Тој починал откога бил пренесен во болница.

Share
Scroll to Top