Во РК Вардар пристигна засилување – Mozzart нов спонзор на клубот

Во РК Вардар пристигна засилување – Mozzart нов спонзор на клубот

пред 4 часа

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машката ракометна Суперлига. Тимот цели да се врати на тронот во Македонија, а во тоа добива нов партнер – регионалниот лидер во приредување игри на среќа, компанија Mozzart е нов спонзор на црвено-црните! Логото на компанија Mozzart од оваа година ќе ја краси опремата која тежи две европски титули, освоени во 2017 и 2019 година. Вардар важи за најголем ракометен бренд од Македонија во европски рамки, па со големо задоволство компанија Mozzart која важи за општествено одговорна се приклучи меѓу спонзорите кои ќе му дадат поддршка на 15-кратниот шампион на нашата земја и 17-кратниот освојувач на Купот на Македонија.

„Особено сме среќни што по подолго време на разговори, конечно, со Mozzart Bet се договоривме за едно вакво партнерство. Вардар полека но сигурно повторно се етаблира како еден ракометен бренд не само во Македонија туку и пошироко. Нашите цели за оваа сезона се добро познати, атакуваме на титулата во Домашното првенство, а со самото тоа и да се вратиме во Лигата на Шампионите, што е еден од позначајните сегменти на овој Договор со Mozzart, што значи дека очекуваме целосно да го испочитуваме ова партнерство кое ќе донесе придобивки за двете страни. Уште еднаш сакаме да потенцираме дека навистина сме задоволни и се надеваме дека ова партнество ќе го продолжиме и понатака на уште повисоко ниво.“ – изјави Михајло Михајловски, претседател на РК Вардар 1961.

Договорот за спонзорство меѓу компанијата Mozzart и РК Вардар 1961 стапува на сила веднаш, а ќе трае до крајот на сезоната 2026/27.

„Ни претставува огромно задоволство што станавме партнер и поддршка на најуспешниот македонски клуб по број на трофеи РК Вардар 1961. Се работи за име кое е познато ширум светот, со долга спортска традиција. Веруваме дека ова наше партнерство ќе трае долго и ќе помогнеме во остварување на амбициите на клубот во периодот кој следи.“ – изјави Ивана Ололовска, маркетинг менаџер во Mozzart.

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа како општествено одговорна компанија продолжува и во нареден период со инвестирање во македонскиот спорт, преку поддршка на клубови од најразлични рангови.

ПР

Share
Scroll to Top