Ниту синоќешната победа на Барселона со 4-2 против Реал Сосиедад во воведното коло од новата сезона во Ла Лига не го смирија гневот што фановите на Каталонскиот клуб го чувствуваат кон претседателот на клубот, Жоан Лапорта
Уште пред натпреварот, пред стадионот „Ноу Камп“ се појавија пораки: на сметка на Лапорта:
„Лапорта – Јуда, го измами Меси“,„Меси е во Париз, а ти си на Ибица“, „Лапорта, ти си слуга на Перез“ – беа дел од пораките кои осамнаа на оградата пред стадионот.
Обожавателите на клубот, но и на клупската ѕвезда Лео Меси сметаат дека претседателот Лапорта, кој ги убедуваше уште кога ја доби довербата за нов мандат дека Аргентинецот ќе остане во Каталонија, е главниот виновник што Париз и ПСЖ е новиот дом на Меси.
Финансиските проблеми во Барса доведоа до тоа Меси по 21 сезона да го напушти клубот во кој доживее планетарна слава.