Вујо му одговори на Шпрем: Тој човек сум го видел двапати во живот

Вујо му одговори на Шпрем: Тој човек сум го видел двапати во живот

пред 4 години

Славниот црногорски ракометен тренер, Веселин Вујовиќ му одговори на поранешниот хрватски репрезентативец Горан Шпрем кој го нарече „нула од тренер“ и човек кој имал маргинално влијание во хрватскиот ракомет.

Вујовиќ во изјава за хрватскиот портал „Индекс“ вели дека не ја знае причината за такви остри критики.

„Навистина не знам што е причината за таква изјава. Јас Горан Шпрем го знам како одличен играч кој беше дел од историските успеси на хрватската репрезентација и симпатичен ТВ коментатор. Со него се имам сретнато еднаш или двапати во животот и само се поздравивме. Не се дрзнувам да коментирам каков е човек. Не знам како давате таква изјава за некого кого не познавате. Кај нас во Црна Гора велат дека ако сакате да запознаете некого треба да изедете вреќа сол со него, бидејќи во старите времиња таа се јадела со години. Не ми беше сеедно да прочитам таква изјава“, вели Вујовиќ.

Поранешниот тренер на Вардар двапати беше на клупата на ППД Загреб и вели дека секогаш бил добро примен во Хрватска.

„Никогаш не сум имал ниту најмал проблем. Не сум го навредил хрватскиот народ или било кој друг народ на Балканот, се обидував да останам тренер и професионалец. Тоа го прифаќаше и публиката и мислам дека има повеќе кои ме сакаат отколку тие кои ме мразат. Горан е еден од другите“, додава Вујо.

„Вујовиќ е нула од тренер“

Share
Scroll to Top