Гасперини го избрка Раниери од Рома?!

Гасперини го избрка Раниери од Рома?!

пред 6 часа

Клаудио Раниери ја напушти Рома во голем стил на крајот од минатата сезона. Пристигна како „спасител“, во својот клуб, го водеше по трет пат во својата тренерска кариера, сите го молеа да остане, но тој рече реши да замине во пензија.

Раниери, сепак остана во клубот, доби функција, беше задолжен за спортските прашања. Негови избор за нов тренер беше Џанпјеро Гасперини.

Таа соработка меѓу нив двајца изгледаше многу ветувачка, сите што ја имаат Рома во срцето со нетрпение ја очекуваа, но се чини дека овие двајца темпераментни Италијанци имаат преголемо его за да можат да функционираат како тим.

Тивки конфликти и несогласувања започнаа минатата есен. Раниери рече дека Рома „била одбиена од тројца тренери“ пред Гасперини. На ова тренерот одговори дека клубот му донел „само еден играч што го сакал“ во преодниот рок и индиректно го обвини Раниери за тоа.

Ситуацијата потоа се смири, но се чини дека тоа беше само моментално „примирје“, бидејќи „Кориере дело Спорт“ пишува дека Раниери синоќа ја напуштил Рома.

Причината, како што е наведено, е тоа што сфатил дека нема поддршка од раководството во конфликтот со тренерот.

Дали ова значи дека Гасперини ја добил оваа „војна“, останува да се види, но Раниери наводно побарал од семејството Фредкин (кое донесува одлуки во Рома) да изберат помеѓу тренерот и него.

Клубот не покажал намера да го замени Гасперини, поради што Раниери решил да се повлеч.

Рома најверојатно нема да ја исполни својата цел да се квалификува во Лигата на шампионите оваа сезона. На пет кола пред крајот на Серија А, тие се шести на табелата со 58 бода, што е пет бода помалку од Јувентус, кој е на посакуваното четврто место.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top