Италија ја победи Северна Ирска со 2:0 во првиот плејоф натпревар за Светското првенство и ќе игра против Босна и Херцеговина во Зеница на 31 март за место на Светското првенство.
Италијанскиот селектор, Џенаро Гатузо, зборуваше за репрезентацијата на Босна и Херцеговина, нагласувајќи дека неговиот тим ја очекува исклучително тешка задача.
„Босна и Херцеговина игра во формација 4-4-2. Очекуваме жешка атмосфера на стадионот, тоа е тим со многу искусни поединци. Натпреварот со Велс беше сосема поинаква приказна. Босанците многу добро знаат како да се затворат во одбраната и да се потпрат на своите напаѓачи. Не очекува уште еден неверојатно тежок натпревар, исто како и со Северна Ирска“, рече Гатузо.
Познатиот Италијанец живописно ја опиша важноста на претстојниот натпревар против Босна и Херцеговина
„Направивме само еден мал чекор. За нас, Босна и Херцеговина е како Монт Еверест на кој треба да се искачиме. Влогот е огромен.“
Гатузо зборуваше и за кадровската ситуација во неговиот тим, со посебен акцент на дефанзивецот Алесандро Бастони и напаѓачот Џанлука Скамака.
„Бастони не тренираше речиси три недели, можеме само да му се заблагодариме за она што го направи. Го извадив од игра делумно затоа што доби жолт картон. Во моментов само Скамака има мали проблеми. Има мали повреди на некои други, но играчите се достапни и Скамака треба да биде со нас. Се враќаме во кампот во Коверчано и почнуваме да работиме. Мораме да ја вратиме енергијата“, објасни Гатузо.
Foto/ depositphotos






