Гаштаров го продолжи договорот со Црвена звезда до 2031 година

Гаштаров го продолжи договорот со Црвена звезда до 2031 година

пред 5 часа

Српскиот шампион, Црвена звезда, објави дека Матеј Гаштаров и Стефан Гудељ ги продолжиле договорите со клубот.

19-годишниот македонски репрезентативец, Гаштаров и една година постариот Гудељ, добија договори до 2031 година и зголемување на платите. Клубот, сепак не ги објави финансиските детали.

Инаку интересно, во јуни оваа година, двајцата фудбалери ги продолжија договорите до 2029 година.

Според српските медиуми, ова е епилогот од подемот на тандемот „Гу-Га“ под команда на новиот тренер Алберт Риера.

На овој начин раководството на клубот гради подобри позиции за идните трансфери.

„Новиот договор ми значи многу. Работев многу за да бидам таму каде што сум сега и ова е остварување на детскиот сон. Сè помина брзо, но верував во напорна работа, чекав вистинска можност да покажам што можам и сум пресреќен што сè оди вака. Новиот договор е само дополнителна мотивација за мене да продолжам да работам уште понапорно, внимателно да ги слушам сите барања на тренерот и да ги применувам на теренот за да бидам подобар од ден на ден. Според моите можности, добро започнав и планирам да продолжам во ист ритам во наредниот период“, истакна Гаштаров.

Foto/ FK Crvena zvezda

Share
Scroll to Top