Нов неуспех на Манчестер сити и неговиот тренер. Откако Пеп Гвардиола загуби пет натпревари во низа за првпат во својата тренерска кариера, се чинеше дека на импресивен начин ќе ја прекине црната серија на домашен терен против Феенорд во петтото коло од Лигата на шампионите.
Сити синоќча на „Етихад“ до 75. минута водеше со 3:0, но потоа по грешките на Јошко Гвардиол и Едерсон им дозволи на гостите да се вратат на 3:3.
За Гвардиола, еден од најголемите тренери на сите времиња, ова е првпат во кариерата неговиот тим да испушти победа по водство од три гола разлика. Тоа му се случи на 942. натпревар во неговата тренерска кариера.
Ова е само еден од црните рекорди/негативни достигнувања што ги постигна во текот на ноември.
Еве уште неколку: ова е неговиот прв месец без победа во Сити откако стана негов менаџер во 2016 година, прв месец без победа во кариерата на Гвардиола од јануари 2015 година кога го водеше Баерн, но тој месец играше и загуби само еден натпревар.
Гвардиола во последниот месец загуби со 0:4 за прв пат во својата тренерска кариера (против Тотенхем), за првпат загуби четири натпревари во Премиер лигата и за прв пат загуби пет натпревари во низа.
Конечно, неговиот Сити му дозволи на Феенорд да дојде од 0-3 до конечни 3-3, со што стана првиот тим во историјата на Лигата на шампионите кој испуштил предност од три гола.