Гвардиола: Новак, Рафа и Роџер за мене се генијалци

Гвардиола: Новак, Рафа и Роџер за мене се генијалци

пред 7 часа

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, зборуваше за пензионирањето на Рафаел Надал.

Гвардиола истакна дека има вистинска стравопочит кон големата тројка на тенисот: Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

„Мислам дека Надал реши да се пензионира бидејќи виде дека повеќе не може да се натпреварува на највисокото ниво на кое беше две децении“, изјави Гвардиола за „Скај Спортс“.

„Им се восхитувам. Се восхитувам на константноста што ја покажуваше големата тројка во секоја сезона што ја играа. Никогаш не се откажаа, се враќаа од тешки ситуации“.

„За мене сите тројца се генијалци. Секогаш се трудев да учам од нивниот говор на телото, од тоа како се однесуваат во одредени моменти кога им е тешко, колку се психички силни и секако од нивниот талент и вештина“, заклучи Пеп.

Share
Scroll to Top