Гвардиол го одбил Реал, ќе остане на „Етихад“

Гвардиол го одбил Реал, ќе остане на „Етихад“

пред 3 часа

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол одлучи да ја отфрли понудата на Реал Мадрид и да остане во Манчестер Сити.

Гвардиол беше голема желба на Жозе Мурињо. Сепак, 24-годишниот Хрват рече „не“ на понудата од Мадрид и останува лојален на „Граѓаните“.

Поради одлуката на Гвардиол, Реал реагираше на пазарот и изненадувачки постигна договор со Марк Кукуреља од Челзи. Тие платија 60 милиони евра за неговите услуги, а Гвардиол би ги чинел најмалку 100 милиони.

„Реал Мадрид го потпиша Кукуреља откако дозна дека Јошко Гвардиол ја избрал опцијата за обновување на договорот со Манчестер Сити“, објави „Ел Мундо“.

Хрватот пристигна на „Етихад“ во летото 2023 година од РБ Лајпциг за 90 милиони евра.

Тој ќе потпише нов петгодишен договор со „Граѓаните“. Ќе има значително поголема плата од 11-те милиони евра што ги заработува моментално, а наскоро ќе бидат познати сите детали.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top