Германија испадна од олимпискиот турнир во Токио

Германија испадна од олимпискиот турнир во Токио

пред 3 години

Фудбалската репрезентација на Германија го заврши својот настап на Олимписките игри во Токио. Германците пред пет години во Рио де Жанеиро го освоија сребрениот медал, но во Токио не успеаја да ја минат Д-групата.

Германците само победа против Брегот на Слоновата коска ги носеше во четврт-финалето. Меѓуусебниот дуел во третото коло заврши без победник 1:1.

Бенџамин Хендрикс во 65.минута си постигна авто-гол, а пет минути подоцна израмни со гол од слободен удар, Себастијан Левен. Сепак Германците немаа сили за целосен пресврт.

Брегот на Слоновата коска го освои второто место во оваа група зад Бразил.

Бразилците славеа над Саудиска Арабија со 3:1. Два гола за Бразил постигна најдобриот стрелец во досегашниот дел од турнирот, Ришарлисон.

Покрај Бразил и Брегот на Слоновата коска, пласман во четврт-финалето изборија Јужна Кореја и Нов Зеланд од Б-групата.



Во последното коло Јужна Кореја до декласира Хондурас со 6:0 и го освои првото место во групата, додека Нов Зеланд одигра нерешено со Романија и благодарение на подобрата гол-разлика го освои второто место.

Share
Scroll to Top