Германскиот бренд Kärcher отсега достапен во Нептун

Германскиот бренд Kärcher отсега достапен во Нептун

пред 6 часа

Нептун ја збогатува својата понуда со Kärcher, глобалниот лидер во решенија за чистење, овозможувајќи им на македонските потрошувачи пристап до производи што со децении поставуваат стандарди за квалитет, иновации и врвни перформанси.

Во продажните салони на Нептун и на Neptun.mk од неодамна се достапни различни Kärcher производи наменети за секојдневно одржување на домот и околината; уреди за чистење подови, апарати за чистење прозорци, парочистачи, решенија за освежување и одржување на мебел, како и производи за чистење дворови, тераси, патеки и други надворешни површини.

Со своите напредни технологии и практичен дизајн, Kärcher производите се создадени да одговорат на потребите на современото домаќинство, овозможувајќи им на купувачите да постигнат професионални резултати во домашни услови и значително да го намалат времето потребно за чистење и за одржување.

„Во Нептун внимателно ги избираме брендовите што ги носиме на македонскиот пазар, водејќи се од нивниот квалитет, доверливост и вредност за потрошувачите. Kärcher е бренд со исклучителна репутација и богата традиција, кој со децении е прв избор на милиони корисници ширум светот. Горди сме што можеме да им овозможиме на нашите купувачи пристап до овие иновативни решенија и веруваме дека ќе станат нивен незаменлив сојузник во секојдневието“, изјавија од Нептун.

Основана во 1935 година, Kärcher денес е присутна во повеќе од 85 земји и претставува еден од најпрепознатливите брендови во индустријата за чистење. Во својата 90-годишна историја, Kärcher останува верен на основната мисија; да создава иновативни решенија што им го олеснуваат животот на потрошувачите и овозможуваат максимални резултати со минимален напор. Водени од философијата дека „Чистотата е најдобриот предизвик на светот“, од Kärcher веруваат дека секоја вистинска иновација е само онаа што носи конкретна корист за купувачите.

Партнерството меѓу Нептун и Kärcher претставува спој на глобалната експертиза и локалната достапност, со заедничка цел; да им понудат на потрошувачите производи што го поедноставуваат секојдневието, заштедуваат време и овозможуваат беспрекорна чистота.

Затоа што чистотата не е само резултат. Таа е начин да се зачува вредноста, да се подобри квалитетот на животот и да се создаде попријатна средина за живеење. Токму тоа е визијата што Kärcher ја претвора во реалност повеќе од девет децении, а отсега таа е достапна и за македонските потрошувачи во Нептун.

 

(ПР)

Share
Scroll to Top