Гнабри ја заврши сезоната, ќе го пропушти и СП

Гнабри ја заврши сезоната, ќе го пропушти и СП

пред 3 часа

Фудбалерите на Баерн Минхен, вечерва, имаат шанса да ја освојат 35-та титула шампион на Германија, а за тоа им е потребен барем нерешен резултат во дербито против Штутгарт.

Идиличниот крај на викендот го расипа веста за повредата на Серж Гнабри, за кого, како што стојат работите, заврши сезоната.

Сè се случи во сабота попладне на тренингот пред натпреварот против Штутгарт, а првите проценки што клубот ги даде кратко потоа воопшто не беа оптимистички и предвидуваа пауза од три месеци.

Очигледно, ова значи дека фудбалерот, кој ја завршува својата осма сезона во Баерн, ќе го пропушти и претстојното Светско првенство на ФИФА. Гнабри е вистински малер, бидејќи и претходниот Мундијал во Катар, го пропушти поради повреда.

Со оглед на тоа што станува збор за играч кој веќе влезе во четвртата деценија од животот, прашањето е дали некогаш ќе има можност да ги брани боите на националниот тим на најголемиот фудбалски настан.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top