Голманот на Барселона, Војчех Шченсни, го продолжи договорот до јуни 2027 година, објави денес каталонскиот фудбалски клуб.
„Фудбалскиот клуб Барселона и фудбалерот Војчех Шченсни постигнаа договор за продолжување на неговиот договор, кој ќе му трае до 30 јуни 2027 година“, се наведува во соопштението.
35-годишниот поранешен голман на Јувентус и Арсенал излезе од пензија минатата година за да го замени Марк-Андре тер Штеген во Барселона, кој отсуствуваше поради повреда на коленото, и брзо се етаблираше на голот, пред младиот Игнасио Пења.
Полскиот голман беше еден од клучните играчи во освојувањето на тројната круна, првенството, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија минатата сезона.