Навивачите на Интер по фантастичната мината сезона и освојувањето на скудетото ги чекаше студениот туш со „растурањето“ на шампионскиот тим – прво замина тренерот Антонио Конте, па беше продаден Ашраф Хакими (ПСЖ), како и нивниот најдобар играч, Ромелу Лукаку (Челси).
Следуваа протести на навивачите против кинеските газди, семејството Жанг, незадоволство од растурањето на тимот кој конечно ја прекина доминацијата на Јувентус во Серија А, но сега во клубот се надеваат дека со новите засилувања ќе имаат доволно моќен тим за успеси оваа сезона.
Вчера вечерта беа потврдени двајцата нови играчи на „нераѕурите“ – босанскиот ветеран Един Џеко, кој доаѓа од Рома, и холандскиот ас Дензел Дамфрис, кој пристигнува од ПСВ Ајндховен. 35-годишниот Џеко е напаѓач со педигре, кој својата умешност ја покажа во дресот на Рома и претходно во Манчестер сити, додека 25-годишниот Дамфрис беше еден од најдобрите во холандската репрезентација на ЕУРО 2020 и еден од најдобрите играчи на ПСВ минатата сезона.
Дали ќе биде доволно да се намали бесот на навивачите, останува да се види.
? | ANNOUNCEMENT@EdDzeko is an #Inter player ⚫?
? https://t.co/eMw6uErh9C#WelcomeEdin #IMInter pic.twitter.com/01KL4Ia5Mh
— Inter ??? (@Inter_en) August 14, 2021
? | ANNOUNCEMENT
Denzel Dumfries joins #Inter!⚫️?
? https://t.co/ydudKXQEYI#WelcomeDenzel #IMInter pic.twitter.com/mtLZOlZWhZ
— Inter ??? (@Inter_en) August 14, 2021