Даниел Малдини ја продолжи семејната традиција. Тој е трета генерација од семејството кој го носи дресот на Милан. Неговиот дедо, Чезаре и татко, Паоло се легенди на клубот од „Сан Сиро“.
19-годишниот напаѓач го одигра првиот меч оваа сезона. Постигна гол во 48.минута на гостувањето во Специја, што е негов прв за Милан во 14.настап.
Милан успеа да победи во Специја со 2:1. По голот на Малдини, израмни Верди во 80.минута, а седум минути подоцна Брахим Дијаз погоди за победа на Милан.
Милан, по шест кола има 16 бодови и со натпревар повеќе се наоѓа на челната позиција на табелата, во Серија А.