Дедо му ја менуваше историјата, тој сака да е новиот Џордан

Дедо му ја менуваше историјата, тој сака да е новиот Џордан

пред 4 години

Во четвртокот своето деби за кошаркарскиот клуб Мурсија во Шпанија го имаше Ноа Черчил Соренсен. Млад 196 сантиметри висок бек кому поранешниот прв човек на Велика Британија – Винстон Черчил му е дедо.

„Моето презиме е првото што се споменува во разговор, многумина мислат дека се шегувам кога ќе се преставам, не можат да веруваат“ рече младиот Ноа по дебито.

Роден е во Данска, а Черчил му е дедо по бабата која дошла во Данска кога имала 16 години. Неговото семејство и нема премногу врска со политика.

„Сакав да пишува Черчил на дресот, но делегатите ставија Соренсен и така остана. Татко ми е електричар, а единствената врска на мајка ми со политиката е презимето, ние сме обични луѓе“ вели тој.

Негов идол е Мајкл Џордан, но:

„Повеќе сакам да играм отколку да гледам како другите играат. Добар шутер сум, знам да креирам и за други“ вели Ноа.

Share
Scroll to Top