Денес е ждрепката за плејофот за Светското првенство, еве кого може да извлече Македонија

Денес е ждрепката за плејофот за Светското првенство, еве кого може да извлече Македонија

пред 6 часа

Македонија, во 13 часот, ќе го дознае противникот во дополнителните квалификации за Светското првенство. Ждрепката че се одржи во седиштетот на ФИФА во Цирих.
Дополнителните квалификации се играат без реванш, односно се игра само еден натпреварм во полуфиналето и еден во финалето.

Извлекувањето ќе започне во 13:00 часот и ќе биде поделено на два дела.

Во првиот дел ќе бидат извлечени паровите од интерконтиненталниот плејоф, во кој шест репрезентации од пет континенти на турнирот во Мексико се борат за две места на Светското првенство.

Носителите Ирак и ДР Конго директно се пласираа во финалето, а таму можни противници ќе им бидат Боливија, Јамајка, Нова Каледонија и Суринам.

Ждрепката ќе формира две полуфинални двојки од овие четири репрезентации, со забелешка дека Јамајка и Суринам не можат да играат меѓусебно. Победниците од двете финалиња ќе се квалификуваат за Светското првенство.

Во вториот дел од ждрепката, ќе бидат извлечени двојките за европскиот плејоф. Во дополнителните квалификации учествуваат 16 репрезентации, поделени во четири групи. Европа ќе добие уште четири учесници на Светското првенство преку плејофот.

Шешир 1: Италија, Данска, Турција, Украина

Шешир 2: Чешка, Словачка, Полска, Велс

Шешир 3: Босна и Херцеговина, Република Ирска, Косово, Албанија

Шешир 4: Романија, Шведска, Македонија, Северна Ирска.

Форматот на дополнителните европски квалификации е таков што првата група се вкрстува со четвртата, а втората со третата. На овој начин се создаваат четири костури, а победникот од секоја ќе избори настап на Светското првенство.

Националните тимови од првата група ќе бидат домаќини на националните тимови од четвртата група во полуфиналето, додека националните тимови од втората група ќе играат дома против националните тимови од третата група.

За Македонија, ова значи дека ќе го игра полуфиналето на гости, против една од овие четири репрезентации: Италија, Данска, Турција или Украина. Ждрепката ќе одлучи дали евентуалноот финале, Македонија ќе го игра дома или на гости.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top