Селекторот на Франција, Дидие Дешам, во текот на денот официјално ќе објави дека ќе ја напушти функцијата по Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада.
Како што пренесуваат француските медиуми, Дешам ќе ја објасни својата одлука во снимено интервју кое ќе се емитува на „TF1“, во 13 часот.
Назначен во 2012 година по Европското првенство и заминувањето на Лоран Блан, Дешам е селектор со најдолг стаж. Речиси 14 години е на клупата на „сините“.
За тоа време, Франција стигна до финалето на ЕУРО 2016 на домашен терен, пред да го освои Светското првенство во Русија во 2018 година.
Четири години подоцна во Катар, Французите во финалето загубија од Аргентина.
На Европското првенство во 2024 година, тие беа елиминирани во полуфиналето од Шпанија.