Дидие Дешан е еден од главните кандидати за тренер на Реал Мадрид, тврдат француските медиуми.
Сегашниот селектор на Франција ќе ја напушти својата позиција по 14 години, по Светското првенство, а медиумите веќе шпекулираат каде ќе ја продолжи кариерата.
„Кралскиот клуб“ не успева да воспостави континуитет на добри игри и резултати, па затоа е во ситуација потенцијално да заврши уште една сезона без трофеј.
Алваро Арбелоа, кој на почетокот успеа да го апсорбира шокот по отпуштањето на Чаби Алонсо, не ги исполни целосно очекувањата, и е блиску до тоа да остане привремено решение, како што е прецизирано во неговиот договор.
Во Реал ги ценат лидерските квалитети што ги поседува Дешан, кои веќе ги покажа водејќи клубови како Монако, Јувентус, Марсеј, но и во француската репрезентација.
Покрај тоа, тој има однос на доверба со клучните играчи на француската репрезентација кои имаат одличен статус во Мадрид, пред сè Килијан Мбапе, но и Орелијан Чуамени.
Foto/ Depositphotos






