Дејвис и Баерн ја продолжија соработката до 2030 година

Дејвис и Баерн ја продолжија соработката до 2030 година

пред 12 часа

Левиот бек Алфонсо Дејвис (24) го продолжи договорот со Баерн. Канаѓанецот во Минхен ќе остане до 2030 година. Дејвис е член на Баерн од 2019 година.

Сагата со Алфонсо Дејвис заврши. Фудбалерот четири месеци пред истекот на актуелниот договор, потпиша нов петтогодишен договор. Дејвис долго време се поврзуваше со Реал Мадрид. Реал се обиде да го донесе како слободен играч по завршувањето на сезоната, му понуди плата од 20 милиони евра по сезона, но не успеа да го убеди фудбалерот да се пресели во Мадрид.

„Фонзи е тука од својата 18-та година во Баерн и се надеваме дека ќе биде тука уште долго“, објави Баерн на социјалните мрежи.

Дејвис дојде во јужна Германија од Ванкувер Вајткепс, МЛС франшиза која заработи рекордни 22 милиони долари од неговата продажба. Почнувајќи од пролетта 2019 година, тој одигра 220 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, постигна 12 гола и забележа 34 асистенции.

„Трансфермаркт“ проценува дека Дејвос на фудбалскиот пазар вреди 50 милиони евра.

Share
Scroll to Top