Де Лаурентис: Навивачи извинете, јас сум виновен за сè

Де Лаурентис: Навивачи извинете, јас сум виновен за сè

пред 11 месеци

Минатата сезона играчите на Наполи го освоија третото Скудето во историјата, прво по пауза од 33 години и ерата на Диего Армандо Марадона.

Наполитанците играа фантастичен фудбал, доминираа во Серија А и впечатокот беше дека ќе бидат легитимни кандидати за одбрана на скудетото.

Сепак, по прославата на титулата, првиот човек на клубот Аурелио де Лаурентис направи неверојатен потег и ја прекина соработката со креаторот на шампионскиот тим, тренерот Лучијано Спалети, кој сега е селектор на Италија.

Упте поголема грешка Де лаурентис направи кога за наследник на Спалети го избра Руди Гарсија, тимот не реагираше добро на него, а францускиот тренер доби отказ. Во Неапол се врати Валтер Мацари да „го гаси пожарот“, но и него не му оди најдобро.

Де Лаурентис ја презеде одговорноста за слабите резултати, откако Наполи на домашен терен одигра без голови со Монца.

„Се надевам дека 2024 година ќе ни донесе пред се здравје и ќе не натера да ги исполниме нашите соништа. Сакав да излезам и да кажам дека јас сум единствениот виновник. Морам да им се извинам на сите Наполитанци за нашата позиција на табелата. Сепак, сезоната е долга, ќе излеземе на пазарот, за во продолжение од првенството да ги поправиме работите“, изјави Де Лаурентис.

По некомплетното 18. коло Наполи е на седмото место во Серија А со 17 бода помалку од лидерот Интер.

Share
Scroll to Top