Де Лаурентис најави изградба на нов стадион

Де Лаурентис најави изградба на нов стадион

пред 7 месеци

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис најави изградба на нов стадион за клубот.

Според него, планот е да се изгради нов објект во областа Бањоли.

„Нема да го реконструирам стадионот на кој играме. Ќе изградам нов во Бањола“, изјави првиот човек на се уште актуелниот шампион на Италија.

Темата за реновирање на стадионот на Наполи е актуелна поради лошата состојба на теренот.

Италија заедно со Турција се подготвува за организација на ЕП во 2032 година, па и требаат што повеќе модерни стадиони.

Share
Scroll to Top