Де Јонг се повреди, ќе отсуствува до ноември

Де Јонг се повреди, ќе отсуствува до ноември

пред 1 година

Барселона направи спектакуларен пресврт против Селта и забележа победа од 3:2 со која се искачи на челната позиција на табелата.

Тренерот Чави по мечот дозна дека одреден период ќе биде без главниот мотор во тимот Френки де Јонг. Холанѓанецот почувствува непријатност во десниот скочен зглоб, па беше заменет со Гави во 36. минута.

Репортерката Хелена Кондис потврди дека Де Јонг бил подложен на неколку медицински тестови додека се уште траел натпреварот кои покажале повреда на глобот.

Во Барселона оправдано се загрижени, се шпекулира дека Де Јонг ќе отсуствува до ноември, односно дека ќе пропушти неколку важни натпревари меѓу кои и дербито против Реал.

Исто така Де Јонг ќе ги пропушти и натпреварите против Порто и Шахтјор во Лигата на шампионите.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top