Дибу Мартинез е понуден на Челзи

Дибу Мартинез е понуден на Челзи

пред 7 часа

Во финишот на преодниот рок, се очекуваат неколку супер интересни трансфери во Премиер лигата. Еден таков најави, новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн.

Орнштајн, наведува дека менаџерите на Емилијано Мартинез (34), легенда на Аргентина и Астон Вила, го понудиле популарниот Дибу на Челзи.

Тие се одлучиле за таков потег откако Мартинез бил информиран дека Зајон Сузуки, десет години помлад од него, кој минатата недела дојде од Парма за 30 милиони евра, ќе биде прв голман на Вила.

Дибу им дал дозвола на менаџерите да стапат во контакт со Челзи, а на „Стемфорд Бриџ“, наводно реагирале позитивно на оваа неочекувана понуда.

Мартинез дојде во Вила пред шест години од Арсенал за 17 милиони евра. Неговиот договор трае до летото 2029 година.

„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 12 милиони евра.

Аргентинецот го бранеше голот на Астон Вила во 256 натпревари, во кои прими 305 гола, додека во 80 натпревари не бил совладан.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top