„Доколку играм против Реал две работи никогаш нема да се случат“

„Доколку играм против Реал две работи никогаш нема да се случат“

пред 3 години

Серхио Рамос е едно од најзвучните засилувања за ПСЖ во летниот преоден рок. Рамос, по 16 години замина од Реал, наредните две години ќе го носи дресот на клубот од Парзи.

Рамос, во интервју за француските медиуми, открил дали би се радувал на гол против Реал.

„Не, никогаш не би славел гол против Реал. Тој клуб е мое семејство, секогаш ќе биде во моето срце. Заслужуваат почит. Никогаш не би славел гол, ниту победа над Реал“, рекол Шпанецот.

Серхио Рамос со ПСЖ потпиша двегодишен договор, ќе го носи бројот 4 на грбот, а ќе заработува 14 милиони евра по сезона.

Share
Scroll to Top