Донарума силно погоден од тоа што го повреди Мусијала: бара помош од клупскиот психолог

Донарума силно погоден од тоа што го повреди Мусијала: бара помош од клупскиот психолог

пред 23 часа

Силно погоден од тоа што ненамерно го повреди Џамал Мусијала, голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума побара помош од психолог, објави денес „Еурофут“.

Донарума падна врз Мусијала за време на четвртфиналниот натпревар од Светското клупско првенство во третата минута од судиското продолжение. Мусијала, сериозно повреден, со скршеница на ногата, мораше да го напушти натпреварот, а Донарума остана во солзи.

Италијанскиот голман разменил неколку пораки со Мусијала по настанот, ја проверувал неговата состојба, а побарал и разговор со клупскиот психолог.

„Во шок сум од сè што се случи. Секако, во ниту еден момент не ми беше намера да го повредам Мусијала“, изјави голманот на ПСЖ, Донарума.

Донарума доби остра критика од голманот и капитен на Баерн, Мануел Ноер кој кажа дека немало потреба да се влегува така во ситуацијата во која беше повреден Мусијала. Ное ркаа и дека побарал од Донарума да му покаже почит на повредениот Мусијала.

„Отидов кај него и му реков: „Не сакаш ли да одиш да го видиш нашиот играч?“ Тоа е прашање на почит, да му се приближиш и да му посакаш се најдобро. Дури тогаш тој го направи тоа. Фер-плејот е секогаш дел од тоа. Јас би реагирал поинаку.“

Мусијала, според последните објави во светските медиуми, нема да може да се врати на теренот неколку месеци.

ПСЖ влезе во полуфиналето на Светското клупско првенство откога го победи Баерн со 2:0.

Share
Scroll to Top