Драма на „Олимпико“, Наполи со гол во 94. минута стана лидер во Италија

Драма на „Олимпико“, Наполи со гол во 94. минута стана лидер во Италија

пред 3 години

По ново лудо коло во италијанската Серија А, Наполи стана нов лидер во Италија, откако во драматична завршница со гол во 94. минута стигна до 1:2 победа над Лацио на „Олимпико“.

„Партенопеи“ добија шанса да станат лидери во 27. коло во Серија А, откако Милан одигра само 1:1 во контроверзниот меч со Удинезе во петокот, пред и Интер да „заглави“ со 0:0 кај Џенова. Сега, Наполи се со 57 поени, колку што имаат и Милан со послаба гол-разлика, Интер се на третото место со 55 поени и натпревар помалку, Јувентус ја чека својата шанса ако продолжат киксевите на лидерите на четвртото место со 50 поени.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 57. минута и само четири минути подоцна му асистираше на Лоренцо Инсиње, кој постигна прекрасен гол од далечина за водство на гостите.  Меѓутоа, притисокот на Лацио се исплатеше во 88. минута, кога Педро по еден прекин врати со исто толку убав гол од далечина за израмнување. Драмата продолжи кога во 94. минута, Фабијан Руиз, со уште еден удар од далеку успеа да донесе три поени за гостите.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Standings provided by SofaScore LiveScore

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top