Драстични казни за четири евролигашки екипи

Драстични казни за четири евролигашки екипи

пред 4 часа

Евролигата им изрече сериозни финансиски казни на клубовите што го надминаа дозволениот лимит за плати на играчите. Најголемите казни им беа изречени на Хапоел Тел Авив и Панатинаикос.

Според извештајот што го објави Евролигата, Панатинаикос го надминале ограничувањето за „селерикап“, за дури 6.185.000 евра, поради што на клубот му е изречена казна од 3.065.000 евра.

Олимпијакос, исто така е казнет, но со многу помалку пари. Олимпијакос го надмина лимитот за 600.000 евра и ќе мора да плати казна од 300.000 евра.

Анадолу Ефес исто така беше казнет за ист вид прекршок. Ефес ги надмина лимитите за 1.800.000 евра и беше казнет со 1.070.000 евра.

Постои посебен случај на Хапоел од Тел Авив, кој ќе мора да плати 4.800.000 евра. Од тоа, 2.800.000 евра се однесуваат на казната за пречекорување на ограничувањето за плати, а остатокот од два милиони евра е казната изречена, бидејќи е утврдено дека клубот го пречекорил дозволениот процент од буџетот.

Како што е наведено, парите од казните, вкупно 9.235.000 евра, ќе бидат распределени на други клубови во Евролигата.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top