Дресот на Шилтон од мечот со Аргентина е на аукција

Дресот на Шилтон од мечот со Аргентина е на аукција

пред 1 ден

Дресот што го носеше голманот на Англија, Питер Шилтон, на славниот натпревар од четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година против Аргентина, кој остана запаметен по „Божјата рака“ на Диего Марадона, ќе биде продаден на аукција, објавува Би-Би-Си.

Почетната цена е поставена на 300.000 фунти.

Натпреварот помеѓу Англија и Аргентина, во кој Диего Марадона постигна гол со левата рака и со тоа му даде предност на својот тим, е еден од најпознатите во историјата.

По „Божјата рака“, само четири минути подоцна, Марадона постигна еден од најубавите голови, тој тргна од својата половина, ги издрибла речиси сите англиски играчи и ја затресе мрежата.

Дресот на Марадона од овој натпревар беше продаден на аукција во мај 2020 година за 7,1 милиони фунти.

Кога подоцна беше прашан дали измамил, Мардона одговори во свој стил:

„Беше малку глава на Марадона, малку Божја рака“.

Дресот на Шилтон е ставен на аукција од приватен колекционер од Обединетото Кралство, а се очекува аукцијата да се одржи следната година, непосредно пред финалето на Светското првенство.

Фото/Принтскрин

Share
Scroll to Top