Дрес на Џордан продаден за 14 милиони долари

Дрес на Џордан продаден за 14 милиони долари

пред 8 часа

Дресот на легендарниот Мајкл Џордан, кој го носеше и потпиша за време на финалната серија на НБА во 1998 година, беше продаден за дури 14 милиони долари, што е највисоката сума некогаш платена за кошаркарски сувенири.

Продажбата ја потврди аукциската куќа „Хант аукшнс“, која изјави дека купувачот е Рон Фирман, инвеститор во недвижности од Мајами.

Станува збор за црвениот дрес што Џордан го носеше на 5 јуни 1998 година, за време на вториот натпревар од финалето против Јута. Чикаго славеше со резултат од 93:88, а Булс на крајот ја освоија титулата со победа во серијата од 4:2. Тоа беше шестиот и последен шампионски прстен за Џордан.

Оваа сума го сруши рекордот за кошаркарски сувенири, додека меѓу дресовите носени на натпреварите, единствено поголема сума е платена за дресот на бејзбол легендата Бејб Рут, продаден е во 2024 година за 24,12 милиони долари.

Дресовите на Џордан од неговата последна шампионска сезона продолжуваат да достигнуваат неверојатни цени.

Дресот од првиот натпревар од финалето беше продаден во 2022 година за околу 10,1 милиони долари, додека дресот од третиот натпревар достигна приближно 12,3 милиони долари минатиот месец.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top