Кошаркарскиот клуб Дубаи, наводно го отпуштил тренерот Јурица Големац.
По поразот од Ефес во Евролигата, кој практично го остави тимот од ОАЕ без шанси за плеј-ин, двете страни се разделија, пишува новинарот Дарко Џелетовиќ. Големац заминува и покрај тоа што лани во ноември, го продолжи договорот до 2028 година.
Дубаи моментално се наоѓа на 11-то место на табелата во елитното натпреварување и ќе му треба победа против Валенсија за да се квалификува за плеј-ин, но исто така ќе му биде потребна и победа на Баерн над Барселона. .
Што се однесува до АБА лигата, Дубаи е изедначен на првото место со Партизан.
Големац е тренер на Дубаи од 2024 година, кога пристигна од Хапоел Еилат.
Во својата кариера, тој работеше и во Цедевита Олимпија, Копер и Тајфун.
Како можни наследници на Големац се споменуваат Александар Ѓорѓевиќ и Василис Спанулис.
Дубаи ќе го игра својот следен натпревар во понеделник против Будуќности од Подгорица во Сараево.
Foto/ EPA






