Евра го „боцна“ Видал за „предавството“ и играњето за Интер

Евра го „боцна“ Видал за „предавството“ и играњето за Интер

пред 7 месеци

Француската фудбалска легенда Патрис Евра на Инстаграм се потсмеваше со својот поранешен соиграч од Јувентус, Артуро Видал, откако Чилеанецот сега заврши во лутите ривали во Интер со порака: „Се брои само да си Јувентино“.

Објавувајќи стара фотографија од Италијанскиот Суперкуп со сегашниот тренер Андреа Пирло и Видал (покриен со смајли).

„Пат, кој е зад тебе“, прашува Пирло на фотото.

„Не знам, ако не сум го загубил сеќавањето Маестро, ова момче играше со нас порано“, одговара Евра

Во постот, Евра уште еднаш го „боцнува“ Чилеанецот: „Победите не се важни, туку се најважни! Но, да се биде Јувентино до крај е единствено нешто што се брои. Извини Видал“, напиша Евра.

Share

ANIMEFLIX animeflix my hero academia: Re:ZERO -Starting Life in Another World- Episode 25

AnimeHeaven animeheaven hunter x hunter: Fire Force Season 2 Episode 24

Scroll to Top