Евролигата ја одби понудата од НБА

Евролигата ја одби понудата од НБА

пред 3 часа

Евролигата, попладнево кажа „не“ на обидот на НБА да го преземе натпреварувањето.

Точниот износ на сумата што НБА организацијата им ја понуди на акционерите на елитното европско натпреварување не е откриен, но она што е јасно е дека не е доволен дури ни двете страни да седнат на преговарачка маса.

Претставниците на 13 клубови ко-сопственици на Евролигата се изјаснија против понудата на НБА: Хозе Анхел Санчез (Реал Мадрид), Џоан Лапорта (Барселона), Лео Дел’Орко (Армани), Шимон Мизрахи (Макаби), Тунчај Озилхан (Ефес), Андреј Ватутин (ЦСКА Москва), Херберт Хајнер (Баерн), Хозе Антонио Керехета (Баскони), Тони Паркер (Авел), Паулиус Мотијеунас (Жалгирис), Дерија Жаниер (Фенербахче).

Иако ова прашање не беше на дневен ред, претставници на 13 организации разговараа на оваа тема, бидејќи одговорот до НБА лигата требаше да биде доставен до крајот на денот. Т

Тој одговор беше категорично „не“, бидејќи со сегашниот систем на работа, Евролигата постојано расте и не ѝ е потребна „надворешна помош“.

Ниту понудата што дојде од другата страна на океанот не беше таква што беше потребно дури и да се разгледа.

Таа беше дури и далеку под вредноста што, според проценката на акционерите, ја има моментално најдоброто европско натпреварување.

Поточно, претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, ја нарече понудата „смешна“, додека претставникот на Басконија Керехет оцени дека е „навредлива“.

Евролигата на тој начин го продолжува својот живот без влијание на „странски фактор“.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top