Експертите се вратија на олимпискиот трон

Експертите се вратија на олимпискиот трон

пред 3 години

Франција се врати на олимпискиот трон. Французите, во финалето со 25:23 (14:10) на ракометниот турнир ја победија Данска. Завршниот меч го судеше македонската двојка Начевски-Николов.

Фрнцузите трет пат во историјата го освојуваат златото на олимпискиот турнир. Експертите им се реваншираа на Дансите за поразот во финалето, во Рио де Женеиро (22:28).

Франција од почетокот го контролираше мечот, во првиот дел се одлепија на четири гол разлика, во второто три пати имаа предност од шест гола, а потоа со серија грешки им дозволија на Данците да се вратат во мечот. Значајна улога во враќањето на Данците имаше голманот Ландин.

Данска, по голот на Деска за 24:23, имаше напад за да избори продолженија, лошо го одиграа, Фабрегас ја украде топката и ги постави конечните 25:23.

Share
Scroll to Top