Епски пресврт на Алавес, на „Балаидос“ во Виго

Епски пресврт на Алавес, на „Балаидос“ во Виго

пред 4 часа

Попладнево на „Балаидос“ во Виго, Селта и Алавес го диграа натпреварот на сезоната во Примера. Селта водеше 3:0 во 37-та минута, на крајот по 100 минути фудбал, Алавес победи 3:4.

Селта која во четвртокот избри пласман во четвртфиналето, во Лига Европа, идеално влезе во натпреварот.

Феран Џутгла беше најдобриот играч на Селта во првото полувреме. Тој прво му донесе водство на својот тим по 19-та, а откако осум минути подцна Алварез зголеми на 2:0, во 37-та минута го постигна својот вто, а трет гол за Селта.

Во тој момент се очекувапе дебакл на Алавес, но надеж на гостите им даде голот на Тони Мартинез. Поранешниот напаѓач на Порто, постигна гол во третата минута од судиското продолжение.

Тој гол беше најава за спектакуларното второ полувреме што го одиграа фудбалерите на Алавес.

Анхел Перез дополнително ја намали предноста на Селта по само пет минути игра во второто полувреме.

А потоа, во периодот од 74 до 78 минута, гостите од Баскија ја шокитаа Селта.

Тони Мартинез израмни, а Адберахман Ребах го комплетираше пресвртот.

Селта е шеста на табелата во Ла Лига со 41 бод, додека Алавес е на 16-то место со 31 бод.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top