Еурофарм Пелистер се засили со Обрадовиќ

Еурофарм Пелистер се засили со Обрадовиќ

пред 3 години

Српскиот интернационалец Немања Обрадовиќ е нов член на Еурофарм Пелистер. Левиот бек се обрвза на едногодишен договор со битолскиот клуб и ова лето ќе пристигне во нашата земја и официјално ќе биде претставен во Битола.

Обрадовиќ доаѓа од ППД Загреб, клуб за кој настапуваше во сезоната 2020/21. 30-годишниот лев бек има огромно искуство од настапите во неколку национални првенства во Европа, а исто така играл со неколку клуба и во Лигата на шампионите.

Обрадовиќ е роден во Крушевац, а во српската лига ги носел дресовите на Напредак, Јагодина и Металопластика. Првото интернационално искуство беше во Франција, каде играше за Валанс, од каде во 2016 година премина во Металург.

По настапите во Автокоманда, Обрадовиќ настапуваше за Висла, Мешков Брест и ППД Загреб. За српската репрезентација настапи на 20 натпревари и постигна 26 гола.

Share
Scroll to Top