Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер објави дека постигнал договоро со Полјакот, Матеуж Пиеховски. Кружниот напаѓач е второ засилување за македонскиот шампион, откако претходно во клубот пристигна Дејан Манасков.
Пиеховски (28) е висок 210 сантиметри, тој кариерата ја започнал во Висла, а настапувал и за шпански Адемар Леон, руски Виктор Ставропол, германски Емшдетен и турски Бешикташ.
Пиеховски е повремен репрезентативец на Полска, а низ кариерата настапувал и во сите натпреварувања на ЕХФ.
Полјакот потпиша 18-месечен договор и официјално ќе биде претставен следната недела.