Македонскиот ракометен претставник Еурофарм Пелистер со нов убедлив триумф (26:36) над Татран Прешов обезбеди пласман на завршниот Ф4 турнир во регионалната СЕХА лига.
Словачкиот тим играше со комбиниран состав и на реваншот, а Еурофарм Пелистер покажа дека е многу поквалитетен тим.
Битолчани поведоа со 1:5 на стартот, а потоа имаа и двоцифрена предност (7:19). На полувреме заминаа со десет гола позитива (10:20).
Ненад Костески беше најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер со 11 постигнати гола, а Дарко Стевановиќ постигна седум погодоци.