ЕУРО2020: Роналдо прв стрелец, Зубер топ асистент, Мората најмногу фаулиран

ЕУРО2020: Роналдо прв стрелец, Зубер топ асистент, Мората најмногу фаулиран

пред 3 години

Португалецот Кристијано Роналдо води на листата најефикасни фудбалери на ЕУРО2020 со 5 постигнати гола. Зад него се Патрик Шик (Чешка), Карим Бензема (Франција) и Емил Форсберг (Шведска) со по 4 гола. Од овие четворица само Шик се уште е на првенството.

Закана за португалскиот ас се Швајцарецот Харис Сеферовиќ, Англичанецот Рахим Стерлинг и Белгиецот Ромелу Лукаку кои до сега имаат по 3 постигнати погодоци, а пред нив се мечевите од четвртфиналето.

Меѓу асистентите, на врвот е Стивен Зубер (Швајцарија) со 4 успешни додавања, додека втор на листата е Пјер-Емил Хојбјер (Данска) со 3 асистенции.

Австриецот Марсел Сабицер досега претрчал најмногу од сите на ЕУРО2020 (48,7 километри), зад него е Швеѓанецот Албин Екдал (47,2) и Шпанецот Педри (46.9).

Најбрзи играчи на ЕП се Италијанецот Леонардо Спинацола и Унгарецот Лоис Него кои достигнаа брзина од 33.8 km/h.

Најмногу додавања на ЕП има шпанскиот фудбалер Емерик Лапорт (390) зад него е германскиот ас Тони Крос (353), трет е Португалецот Рубен Диаш (304).

Врз Алваро Мората се направени најмногу прекршоци на ЕП, дури 13, по него следува Пол Погба со 11.

Share
Scroll to Top