Жоао Невеш за 70 милиони евра се сели во ПСЖ

Жоао Невеш за 70 милиони евра се сели во ПСЖ

пред 3 месеци

Жоао Невеш (19) наскоро ќе стане нов играч на ПСЖ. Станува збор за играчот од средниот ред на Бенфика и португалски репрезентативец, кој играше и на последното Европско првенство.

Невеш важи за еден од најголемите светски таленти и ПСЖ за неговиот трансфер, со бонусите ќе издвои околу 70 милиони евра.

Невеш е продукт на академијата на Бенфика и според „Трансфермарк“ вреди 55 милиони евра. За тој клуб досега има одиграно 75 во сениорска конкуренција. Постигна четири гола и трипати асистираше.

И Манчестер Јунајтед долго време се обидуваше да го донесе Невеш, но ПСЖ беше најконкретен и најбрз. Во ПСЖ треба да формира тандем од средниот ред со сонародникот Витиња и Шпанецот Фабијан Руиз.

Share
Scroll to Top