Заврши сезоната за вундеркиндот на Барселона

Заврши сезоната за вундеркиндот на Барселона

пред 4 месеци

Марк Бернал (17), откритието на Ханси Флик, новиот тренер на Барселона, нема да игра до крајот на сезоната.

Младиот дефанзивен играч за врска оваа сеозна дебитираше во сениорскиот тим и беше стартер во сите три првенствени натпревари. Барселона забележа три идентични победи (2:1), но синоќа против Рајо Ваљекано, Бернал се повреди.

Шпанските медиуми пишуваат дека тој при еден старт, кога со прекршок го запре Иси Паласон, ги скинал предните вкрстени лигаменти на левото колено. Додаваат дека ќе биде принуден да паузира девет месеци и дека на терените би можел да се врати најрано на крајот на сезоната. Тоа ги шокираше сите во Барселона и целосно го уништи фактот што по шест години славеа кај Рајо Ваљекано и со таа победа останаа перфектни и осамени на врвот на Ла Лига.

„Ние го добивме натпреварот, но никој во соблекувалната не е среќен. повредата на Бернал не изгледа добро“, рече тренерот Флик.

Шпанските новинари додаваат дека Бернал го напуштил стадионот „Ваљехас“ со помош на патерици и дека по слетувањето во Барселона го напуштил авионот со помош на соиграчите. Тие му помогнале да дојде до амулантното возило кое го чекало.

Share
Scroll to Top