Загреб по пенал-драмата против Мешков, на „сметка“ на Вардар во финалето на СЕХА лигата

Загреб по пенал-драмата против Мешков, на „сметка“ на Вардар во финалето на СЕХА лигата

пред 3 години

ППД Загреб го совлада Мешков Брест на пенални со 6:5 откако регуларниот меч заврши 32:32 за тимот на Ивица Обрван да обезбеди четврто финале во СЕХА лигата во рекордниот 10. настап на Фајнал фор турнирот, иако претходно беше елиминиран од Вардар во четврт-финалето на регионалното натпреварување.

„Плинарите“ отпатуваа на Ф4 во Задар откако Вардар, кој ги победи, беше исклучен од натпреварувањето по позитивниот тест на КОВИД-19 на Борко Ристовски во контроверзна одлука на организаторите на лигата. Наместо Вардар заслужено по 10-ти пат да биде на завршницата на регионалната лига, Загреб доби шанса да се бори за втора титула во историјата. Мешков, пак, ниту во шестиот настап на Ф4 нема да може да се бори за својата прва титула.

По израмнетото прво полувреме, во кое Мешков имаше гол предност (16:15), Загреб за шест минути во второто полувреме направи серија од 0-4, со која дојдоа до 22:26 водство, но белорускиот клуб успеа да се врати и со два брзи гола да израмни на 31:31, пред Сандро Обрановиќ во последните секунди да им донесе предност на „плинарите“, која ја загубија во следниот напад преку Санталов. Во пенал-серијата, Мешков утна два пенали, а поранешниот вардарец, Иван Чупиќ им донесе финале на загрепчани.

Во второто полуфинале, вечерва во 20.30 часот, актуелниот шампион Веспрем е фаворит во дуелот со украинскиот Мотор Запорожје.

Share
Scroll to Top