Залуден „Сомбор-дабл“, Минесота победи во Денвер

Залуден „Сомбор-дабл“, Минесота победи во Денвер

пред 6 часа

Денвер Нагетс ја продлабичоја кризата во која влегоа по Ол стар викендот. Прв пат во сезоната, Нагетс загубија од Минесота. Во Денвер, Тимбервулвс победија со 117:108.

Гостите одиграа одличен натпревар во главниот град на Колорадо, ја искористија лошата форма на Денвер и фактот дека најдобриот играч на домашната екипа е Никола Јокиќ има проблем со зглобот на шутерската рака.

Дури и во таква состојба, Јокиќ беше одличен, запиша „Сомбор-дабл“, повторно му недостигаше една асистенција за трипл-дабл, имаше 35 поени, 13 скока и девет успешни додавања.

Денвер, одигра добро во првата четвртина, кога стигна до девет поени предност (31:22). Но, од почетокот на вториот период играчите на Минесота ја презедоа контролата и до до полувремето гостите имаа осум поени предност (58:50).

Како што одминуваше натпреварот, Минесота беше сè посигурна, а Денвер немаше сила да возврати. Без погоеми проблеми играчите на Минесота ја држеа предноста од 0ет д 12 поени.

Покрај Јокиќ, кај Денвер се истакна и Мареј со 25 поени, Хардавеј постигна 17, а Кристијан Браун 15. Гостскиот тим го предводеа Едвардс со 21, МекДениелс со 20, Хајленд со 18, додека Рендл постигна 14 поени.

Резултати:

Атланта – Портланд 135:101
/Оконгву 25 – Холидеј 23/

Орландо – Детроит 92:106
/Банкеро 24 – Канингем 29/

Бостон – Филаделфија 114:98
/Браун 27 – Макси 33/

Далас – Оклахома 87:100
/Мартин 18 – Гилџес-Александер 30/

ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 137:117
/Ленард 23 – Фирс 28/

ЛА Лејкерс – Сакраменто 128:104
/Дончиќ 28 – Клифорд 26/

Share
Scroll to Top