Зверев е елиминиран во осминафиналето во Хале

Зверев е елиминиран во осминафиналето во Хале

пред 3 години

По полуфиналето на Ролан Гарос и заморот кој му се препишува од турнирот во Париз, германскиот тенисер Александер Зверев е елиминиран од тенискиот турнир во Хале. Во осминафиналето подобар од 6. светски играч беше 31-от на АТП листата, Французинот Уго Амбер, со 2-1 (7-6, 3-6 и 6-3).

Мечот траеше речиси два часа, а францускиот тенисер одлично го користеше своето најсилно оружје – сервисот.

Од друга страна Зверев кој едвај го помина првото коло во Хале по драматичниот меч со Кепфер денеска немаше завидно ниво на концентрација на тревнатата подлога.

Амбер во следната фаза борбата за полуфинале ќе ја води против Себастијан Корда, кој, пак од турнирот го исфрли ветеранот Кеи Нишикори.

Share
Scroll to Top