Зверев удри по Циципас: Не е нормално тоа што го прави

Зверев удри по Циципас: Не е нормално тоа што го прави

пред 3 години

Гркот Стефанос Циципас е главна тема меѓу тенисерите и новинарите на Ју-ес опен. Проблематични се паузите кои ги користи Гркот помеѓу сетовите и времето кое го поминува во тоалетот. Многумина сметаат дека за време на паузите тој има комуникација со таткото Апостолос кој е и негов тренер.

Прв гласно на оваа тема проговори Александар Зверев, на мастерсот во Синсинати. На Ју-ес опен замерки на однесувањето на Циципас имаше Енди Мареј.

„Повторно се случи, тоа често се случува. Тоа не е нормално. Се случи против мене на Ролан Гарос, па против Новак во финалето на Ролан Гарос. Се жалеше во Хамбруг против Крајиновиќ, се жалеше против мене во Синсинати и сега повторно се случува истото. Останатите играчи гледаат што парави. Тој е трет на АТП листата, еден е од најдобрите, не мора да го прави тоа. Вакви работи прават деца. Вакви работи се прават на челинџ турнирите, вакви работи не прават најдобрите светски играчи“, им изјави на новинарите Зверев по победата над Сем Квери и потоа одговорил на прашањето дали знале дека Циципас има телефон во торбата на мастерсот во Синсинати.

„Го немаше на теренот повеќе од 10 минути, а во исто време неговиот татко пишува пораки на телефонот. Потоа се враќа и целосно ја менува тактиката. Сите го видоа тоа. Или можеби беше на некое волшебно место, или комуницираше со својот татко“.

Share
Scroll to Top