Зидан збесна кон новинарите: Заслужувам респект, кажете во лице што мислите!

Зидан збесна кон новинарите: Заслужувам респект, кажете во лице што мислите!

пред 4 години

Зинедин Зидан реагираше луто на прашањата околу неговата иднина како тренер на Реал Мадрид, барајќи „почитување“ од новинарите и порачувајќи им да му кажат во лице ако сакаат тој да замине, најавувајќи дека на крајот на сезоната ќе има промени во кралскиот клуб.

Ова беше прва прес-конференција на Французинот откако се опорави од КОВИД-19, и доаѓа пред мечот со Уеска, откако по 2:1 поразот од Леванте минатиот викенд клубот заостана 10 поени зад лидерите Атлетико Мадрид (со натпревар повеќе).

„Дали сте сериозни? Секој ден според вас добивам отказ од клубот и го знаете тоа. Лани ја освоивме лигата. Навистина. Реал Мадрид. Следната година ќе мора да се направат работи, да се промени нешто. Но, оваа сезона имаме право да се бориме. Дајте ни го тоа. Титулата ја освоивме лани, не пред 10 години. Покажете малку респект за тоа. Вие новинарите кажувате многу работи, но мора да ја преземете и одговорноста. Кажете ми во лице: Сакам да си одиш. Но, мора да го кажете тоа, не да ми зборувате зад грб“, изјави лутиот Зидан.

Зидан, кој освои три титули од Лигата на шампионите во низа во првиот престој на клупата од 2016 до 2018, признава дека неговата работа зависи од успехот.

„Јас сум одговорен за овој тим. Ако работите не функционираат, го барате тој што е одговорен. Следната сезона, сигурно, ќе мора да се направи нешто. Но, оваа сезона заслужуваме да одиме понатаму“, вели Зидан.

Share
Scroll to Top