Златан: Им покажав на сите кои се сомневаа во мене

Златан: Им покажав на сите кои се сомневаа во мене

пред 4 години

Златан Ибрахимовиќ вчера и официјално го продолжи договорот со Милан до јуни 2022 година, по што денеска вели дека им покажал на скептиците дека „годините едноставно не се важни“.

39-годишниот Швеѓанец ќе остане на „Сан Сиро“ и по својот 40-ти роденден, велејќи дека Милано е неговиот дом и верува дека фановите ќе имаат позитивна реакција на продолжувањето на договорот.

„Мислам дека ќе се задоволни. Дури и некој да се сомневаше пред да дојдам, мислам дека им покажав дека годините не се важни. Се работи за менталитет. Секогаш сакам да бидам подобар и сакам да се чувствувам добро физички и да ги правам работите кои ги знам“, вели Ибрахимовиќ во интервју за официјалната ТВ мрежа на Милан.

Златан имаше низа повреди во 2019/20, а оваа сезона постигна 15 гола во 17 меча, иако не е сигурен за мечот со Лацио во понеделник. Тој имаше само пофални зборови за тренерот Стефано Пиоли и неговата работа.

„Се обидувам да помогнам насекаде бидејќи сум мотивиран. Добивам адреналин кога ги гледам младите луѓе и како растат откако дојдов тука. Сите се мотивирани да го дадат максимумот, а предводени од Стефано Пиоли сфаќаат дека мораат да се жртвуваат за клубот“, додава Швеѓанецот.

Share
Scroll to Top